(Видео) Кристина Димитри си го смени имиџот, па препеа хит од Северина

Кристина Димитри, која веќе неколку месеци со диџеј Боно настапува во клубовите низ Македонија, ја препеа „Добродошао у клуб“ од Северина. Таа вели дека ја обожава песната и дека песните од Северина се голем дел од нејзиниот репертоар на настапите.

„Оваа песна ми беше долго во мислите и имав желба да ја препеам. Таа беше првата песна што ја испеав на првиот состанок со мојот сегашен менаџер пред да почне оваа музичка приказна. Бидејќи Северина ја сакам и следам од мала, чест ми е што сега можам да ѝ го пеам песните“, рече Кристина за „Репортер“.

Каверот е снимен во студиото на Иван Јованов-Ивајо, а видеото во „Ред централ продакшн“ во Тетово.

Кристина, која неодамна си го смени и имиџот, најави дека со Боно и нивниот тим „Лилипоп“ се спремаат за „Макфест“, што ќе се одржи на 21 и 22 октомври во Штип. Песната што ќе ја испеат на реномираниот фестивал се вика „Салса“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Scroll to Top