(Видео) Ламбе, Некст тајм и Морал гости на концертот на Меморија во Скопје

Ламбе Алабаковски, Некст тајм, Морал, Ласт Експедишн, Конкорд и Ту-би ќе бидат гости на концертот на „Меморија“ што ќе се одржи на 11 јуни на стадионот на АРМ. Ламбе објави неколку слики и видеа од прес-конференцијата што се одржа денес и се пофали дека ќе пее заедно со момците од култниот бенд.

„Горд сум што ќе бидам дел од најголемиот концерт ова лето“, напиша Алабаковски, а фановите му коментираа дека едвај чекаат да го гледаат во живо, но и да го слушнат најголемите хитови на „Меморија“.

На прес-конференцијата, Перо Камиказа Георгиевски откри дека ќе има 150 места за седење за публиката од постарата генерација. Тој додаде дека ќе има уште неколку изненадувања на концертот. А пред крајот на прес-конференцијата, пред новинарите дојде трубачки оркестар, па со Ристо Самарџиев ја испеаја „Дирлада“.

Scroll to Top