Популарната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска, по примерот на светските ѕвезди, прослави 200.000 следбеници на „Инстаграм“. Таа отсекогаш знаела како да привлече внимание, дали со изгледот, дали со производите што ги рекламира, па и овој пат, на интересен начин им се заблагодари на сите што ја следат, а пораката ја испиша со кармин на огледало.
„200К, ви благодарам на сите и ве сакам“, напиша Лила.
Таа е првата македонска дама која има 200 илјади следбеници на оваа социјална мрежа и за многумина е најпопуларната инфлуенсерка кај нас.
View this post on Instagram