Водителката Лила Филиповска вчера во една скопска кафеана го прослави 47. роденден. Полна кафеана со гости кои беа дојдени на забавата на водителката. Лила сподели и видеа од прославата и кажа дека „им благодари на сите кои ѝ дошле на роденденот и кои ѝ го направиле денот посебен“.
Се играло и се пеело до доцна во ноќта, раскажуваат нејзини блиски. Пеела цела кафеана, а дека атмосферата е весела, покажа и Лила на Инстаграм.
Водителката вчера пред забавата не пропушти да се пофали со подароците, меѓу кои и гламурозните штикли од брендот „Ив Сент Лорен“, кои беа меѓу првите подароци кои пристигнаа.
https://www.instagram.com/p/Bo_CnmYl5iG/?hl=en&taken-by=lilafilipovska