(Видео) Македонецот Бобан Цаневски со песна на Аки растури во „Никогаш не доцна“ и влезе во финалето

Македонскиот пејач Бобан Цаневски (45) во шоуто на „Никогаш не е доцна“, настапи со песната „Доѓи“ на Аки Ракимовски од „Парни валјак“. Скопјанецот ја освои публиката и влезе во финалето. Сите во жирито, и Бора Чорба, и Зорица Брунцлик и композиторот Маре, имаа само пофалби.

„Одлично пеење. Никаде не згреши, има совршен распон на гласот и пее како змеј. Пее на свој начин, покојниот Аки и јас требаше да бидеме кумови, но тој пее поинаку од Аки. Сите Македонци имаат слух“, рече Бора Чорба.

„Она што мене ме фасцинира е динамиката. Вие сте еден од ретките кандидати што го пее овој вид музика, а во исто време внимава на динамиката“, рече Зорица.

„Јас не знам многу вакви песни во поп-рок жанрови, но ова е една од најтешките бидејќи пејачот мора да покаже сè што знае, а Боби го покажа тоа. Апсолутно брилијантно, јас уживав и навивав за тебе“, го пофали Маре.

Боби пред настапот рече дека не очекува да влезе во финалето и дека најдоброто за него може да биде само влез во третиот круг.

„Мислев дека ќе стигнам до третиот круг, но еве ме во финалето. Ова шоу направи многу за мене, а ефектот се гледа. Ме чека доста работа, ме бараат постојано на свирки, приватни забави, фестивали“, рече Боби пред настапот.

Настапот на Боби Цаневски е на 2:20.00.

Scroll to Top