Жељко Самарџиќ и „Црвена јабука“ снимија дуетска песна „Алеје љубави”. За песната се снимаше и спот, и тоа на неколку локации во градови од поранешна Југославија. Музиката и текстот на песната ги напиша Мирко Шенковски-Геронимо, а аранжманот го направи Мирослав Столица. Снимањето на спотот почна од Скопје, па преку Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица до Скадарско Езеро и Јадранско Море, но и Мостар, родниот град на Жера и Жељко.
Во создавањето на спотот учествуваа двајца Македонци. Во режирањето беше беше вклучен Даниел Јовески, а во спотот се појавува и убавата Иларија Кирилов.