(Видео) Македонскиот бенд „Револт“ со нова песна го најави вториот албум

Бендот „Револт“ од Свети Николе сними спот за нивната нова песна „Европа“. Момците велат дека песната е инспирирана од секојдневието.

„По подолга пауза, ‘Револт’ повторно смисли нешто ново и возбудливо. Со новите членови и новиот елан, повторно влеговме во студио. Овојпат, новиот албум жанровски се разликува со нови звуци, малку експериментирање, но сепак верни на стариот добар рок призвук“, велат момците од бендот.

‘Револт’ постои од 2006 година и веднаш почнаа да компонираат своја авторска музика. Првите настапи ги имаа по локални свирки и градовите низ Македонија, а потоа и на рок фестивали, гитаријади и телевизиски настапи.

„Целта на бендот е да го оживее и врати автентичниот рок-звук во Македонија, звук кој денеска е измутиран и неоправдано заборавен, и се движи во погрешни правци, ретко со понекоја инвентивна синергија“, велат момците.

Тие во 2012 година го снимија нивниот прв албум „Времеплов“ на кој има 11 авторски песни.

Scroll to Top