(Видео) Македонскиот филм на Теона Митевска со силен аплауз во Берлин

На филмскиот фестивал во Берлин денеска се одржа проекцијата на филмот „Господ постои, името и’ e Петрунија“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска, а подоцна прес конференција одржа екипата на македонскиот филм.

Според фотографиите и видеата кои може да се видат на социјалните мрежи, забележлив е големиот интерес за приказната и за начинот на кој се снимал филмот, за идејата…од полната сала за прес конференции, и бројните новинарски прашања.

Присутните во еден момент со голем аплауз ја поздравија екипата на македонскиот филм на „Берлиенале“.

Scroll to Top