(Видео) Македонскиот фудбалер Бојан Миовски по петти пат даде гол ѝ го спаси неговиот клуб Абердин од пораз

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично за својот клуб Абердин во Шкотска, во кој досега даде пет гола и двпати асистираше. Миовски повторно го спаси од пораз Абердин, откако во 100 минута даде гол на гости кај Сент Мирен, па натпреварот заврши 2:2.

Македонскиот напаѓач даде гол од пенал во 90+10-та минута, откако Абердин по 42-та минута водеше со гол на Хајес. Сент Мирен направи пресврт преку Кити и Грив во 59-та односно 76-та минута од мечот.

За Миовски ова е петти гол во пет меча досега, а има и две асистенции. Во четвртокот кај Хакен во плејофот за Лига Европа одлично се покажа со гол и асистенција за само четири минути.

Абердин сѐ уште нема победа во шкотскиот Премиершип и има два бода од три меча, две ремија и пораз досега во три кола, па е трет во долниот дел на табелата. Абердин в четврток дома ја има шансата после 2-2 во Шведска со било каква победа да обезеди групи во Лига Европа.

Scroll to Top