Пет македонски пејачи настапија вчера во третиот круг од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Во следниот круг од натпреварувањето поминаа четири од нив, Александар Јосифовски, Никола Станишиќ, Александар Темелков и Мите Стоилков. Сите добија пофалби за настапите, но пеењето на Мите го скара жирито во „Гранд“.
Откако ги испеа своите две песни, од Мишо Ковач и Влатко Лозаноски, Мите од Карлеуша и Шерифовиќ доби пофалби дека растурил на сцената, но и критика што една од нив две не му е ментор за пеење.
„Ти самиот ја избра Вики Миљковиќ да те учи? Колку гласа имаше во вториот круг дечко? Пет? И од сите членови реши Вики да ти е ментор? Нешто не е во ред со тебе. Таа никогаш нема да те направи ѕвезда, не е добра“, му кажаа Јелена и Марија.
„Сакате да кажете дека јас сум неспособна“, ги праша Вики, по што почна караница во студиото.
Мите, е инаку победник на шоуто „Пинкови ѕвезди“, а од минатата година се натпреварува во „Гранд“. Тогаш членовите на жирито му рекоа дека не е ни чудо што се префрлил кај нив, оти „Пинк“ не знае како да прави ѕвезди од нивните пејачи.
Настапот на Мите почнува на 1:57:35.