Македонските трап-артисти Луми и Томи ја промовираат првата заедничка песна „Кокаина“, во соработка со К1 продукција. Со музика се занимаваат повеќе од 5 години и веќе имаат издадено неколку проекти за Euphoria.
„Веќе имаме реализирано над десетина проекти, работиме со полна пареа и во периодот кој следува ќе го понудиме најдоброто од нас. И во иднина продолжуваме да работиме со оваа екипа, а преку каналот на Euphoria на Јутјуб ќе се реализираат нашите идни индивидуални и заеднички проекти“, велат тие.
Музиката и текстот за песната се на Луми и Томи, а режисери на видеото се Љупче Василев и Алек Спиридонов.