Македонското продуцентско трио „Би-ди-Њм“, односно Бранко и Дуле Вељановски и Мартин Делимитов, денес го промовира шестиот сингл, песната Stay, која е во соработка со Јова. Ова е нивни втор заеднички проект откако во летото 2018 година ја направија песната Lee. Покрај македонската, песната Stay ќе има и светска помоција на најголемите музички платформи, Amazon, Spotify, Deezer, iTunes и други.
„Среќни сме што повторно ни гостува Јова со нејзиниот уникатен сензибилитет и глас што ја носи песната на друго ниво. Овој сингл ни е особено драг не само затоа што е сосема поинаков од другите наши синглови туку и затоа што е најемотивната песна што досега сме ја направиле“, велат момците од бендот.
Истовремено, тие го промовираат и спотот, кој во црно-бела техника целосно го изработи Виктор Стоимиров, а главната улога ја има Христина Јанеска.
Од „Би-Ди-Ем“ најавија дека на почетокот на 2021 година ќе излезе и ремиксот за Stay, а го работат со холандскиот продуцент Марко.
„Овој синлг ќе се издава премиерно и во Холандија. Нестрпливи сме и едвај чекаме да го издадеме и ремиксот“, додаваат момците.
Новата песна, како и претходните, е испеана на англиски јазик и е во издание на Paragon Record Label. Музиката, аранжманот и текстот го направи „Би-Ди-Ем“. Синглот ќе се најде на албумот State of Mind, на кој работат во моментот.