(Видео) Македонското трио БДМ го промовира првиот албум со кино-проекција на песните наместо свирка во живо

Македонското трио БДМ го промовира првиот албум, State of Mind. Дел од песните се нови, а некои беа објавени изминатите две години. БДМ за осумте песни од албумот снимија едночасовно видео во живо во Пошта, па наместо да ги свират песните во живо пред своите пријатели и соработници, тие го прикажаа како филм во киното „Синеплекс“. Меѓу гостите на промоцијата беа и Каролина Гочева, Перо Антиќ, Пере Нокаут, екипата на Антена 5 радио.

„За нас ова е само почеток“, велат момците од БДМ и најавија дека наскоро ќе промовираат и нов спот за една од песните од албумот.

State of Mind е достапен на сите музички платформи.

Scroll to Top