(Видео) Марија Груевска, ѕвездата на „Гранд“, го намами на секс-сцени свршеникот Синиша

Пејачката Марија Груевска од „Гранд“ ја промовира својата нова песна на српски – „Горим сва“. Таа сними и видео во кое има секси-сцени со својот свршеник, фитнес-тренерот Синиша Стојаноски. Во спотот Марија е претставена како вештерка, која со вуду-кукли и магии го намамува Синиша на секс.

Спотот предизвика многу реакции и коментари во регионот, а фановите велат дека не се изненадени што Марија решила да сними жешко и провокативно видео.

„Гори ‘Јутјуб’“, „Вака се прави музика, ко да ја напишал Карлос Сантана“, „Ми беше фаворит и додека пееше во шоуто и сега знам зошто е така“, „Светско, а наше, битолско“, се дел од реакциите на видеото, кое за еден ден има над 50.000 прегледи.

Песната со модерен латино-звук ја напиша Зоран Грујовски, а текстот е на татко ѝ Душко Груевски. Зорја Паиќ, поранешна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, пее придружни вокали.

Scroll to Top