20-годишната Марија Данева од Штип вчера го воодушеви жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ и ги освои сите шест гласа. Таа ги пееше песните „Збуњена“ од Негатив и „Гинем“ од Магазин, па доби само пофалби од сите членови на жирито.
„Вие Македонците секогаш добро пеете, знаете да се облечете и како да се однесувате на сцената. Различни сте од натпреварувачите од другите земји и ти не си исклучок“, ѝ рече Карлеуша по настапот.
„Колку и да си девојче, зашто си млада, ти вечерва ни покажа колку си зрела и одлична“, ѝ кажа Снежана Ѓуришиќ.
„Пееше на свој начин, не ја копираше Ивана од Негатив, браво“, рече Босанац.
Марија ја избра Карлеша за свој ментор и таа за следниот круг ќе ја подготвува заедно со Мира Шкориќ.
Настапот на Марија почнува на 02:10:32.