(Видео) Маријана и Тања од плажа во Австралија ѝ пееја на Росана: Бегајте таму, ме расплакавте

Пејачките Тања Лазаревска и Маријана Новачевска, кои живеат во Мелбурн, летото во Австралија и топлото време го искористија да отидат на плажа. Додека уживаа на плажа, двете дами се вклучија во живо преку „Фејсбук“ за да ја испеат „Едно срце имам душо“. Оваа песна Маријана првпат ја пееше со својата сестра близначка Росана на „Фолк фест Валандово“ 1988 година.

„За сите вас, а специјално за Росана, моето сонце, моето сè“, напиша Маријана на видеото. „Златни мои….Ај бегајте таму ме расплакавте“, им одговори Росана во коментар.

Тања и Маријана објавија неколку заеднички фотки од плажа, а Маријана призна дека по 30 години во Австралија, сега првпат влегла да плива во океанот.

Scroll to Top