(Видео) Марко Пејчиновски во чест на Св. Наум преплива 30 километри во Охридско Езеро

Македонскиот пливач маратонец Марко Пејчиновски во чест на Св. Наум вчера пливаше 30 километри во Охридско Езеро, од Струга до Св. Наум. Ова беше четврто од десетте препливувања што Марко ги најави за ова лето. Дестинацијата тој ја преплива за 9 часа и 26 минути.

Неговиот тим во текот на денот неколку пати објавуваше видеа од пливањето и споделуваше како напредува Марко.

За потсетување, на почетокот на летото Пејчиновски најави дека годинава има план да плива десет различни делници во езерото, во вкупна должина од околу 250 километри. Тој лани во септември пливаше во знак на поддршка на децата со ретки болести. Претходно, на 1 август ја исплива делницата Охрид – Св.Наум – Охрид и подвигот го посвети на неговата почината мајка.

Марко првпат пред четири години го преплива езерото и на 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Scroll to Top