Младата пејачка Мартина Митревска сними спот за песната „Мое мило“ што ја испеа на годинашниот „Макфест“. Спотот во режија на Кристијан Шемко е снимен на локалитетот Куклица. Музиката и текстот за „Мое мило“ се на Ристо Самарџиев, а аранжманот го направи Кристијан Габровски.
Публиката ја запозна Мартина со учеството во музичкото „Кастинг талент шоу“, каде што се избираа главните ликови за мјузиклот „Тајно моја“. По шоуто, Мартина ја сними својата прва песна „Љубовта нема граници“.