(Видео) Првачето Матеј остана сам во училницата

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов го пречека единственото прваче во село Маврово. Игор сподели видео на социјалните мрежи од вчерашниот прв училиштен ден на првачето Матеј, кој пристигна со родителите, додека наставничката  ѕвонеше со ѕвонче и го чекаше на вратата од училиштето на првиот школски час.  Џамбазов ја пренесе атмосферата од село Маврово, прилично емотивна, каде што во основното училиште „Денче Дејаноски“ годинава се запиша само едно прваче.

На првиот школски час, Игор го праша што сака да биде кога ќе порасне, а малиот Матеј, како од топ му рече: Дирекор! Гледајте го видеото:

Scroll to Top