(Видео) Матурска рокенрол за сите генерации: Меморија имаа концерт за паметење во Скопје

По 5 години „Меморија“ вчеравечер одржаа концерт во Арената „Борис Трајковски“.

Перо Камиказа, Поце Икономов, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Бане Поповиќ и Сашо Ангелов направија ноќ за паметење.

Безвременските песни на „Меморија“ се пееа во еден глас од публиката која беше од 7 до 77 и години. Емотивни посвети за „Меморија“ и носталгични сеќавања за нивните песни со кои растеа генерациите.

„Македонија“ песната со која го отворија вчерашниот концерт беше само предзнак дека ќе се памети и овој концерт на „Меморија“ кој беше најавен како една концертна матурска рокенрол забава на генерациите.

По неа се редеа „Оган под ѕвездите“, „Дирлада“, „Зошто Боже“, хитови на кои публиката со кренати раце и како во хор пееа.

Гости на концертот на „Меморија“ беа Некст Тајм кои дополнително ја загреаа атмосферата со песната „Ја излези Ѓурѓо“, а по нив и Ристо Самарџиев кој во малку изменте аранжман ја отпеа „Таму кај што си“.

Публиката е желна за концертни уживања по две години пандемиски услови на живвење, тоа го покажа и преполната арена „Борис Трајковски“.

 

Scroll to Top