(Видео) Мијата сними француско-македонска шансона со Фолтин

Мијата ја објави новата песна „Ме боли“ која и е соработка со битолскиот бенд Фолтин.

„Станува збор за моја авторска француско-македонска шансона, со наш заеднички органски аранжман, снимена во студиото Алшар во Скопје.Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се Фолтин, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував, и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет“, изјави Мијата.

Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов “C’est joli“ а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde, Француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот.

„Видео записот се случи во соработка со Универзитетот Европа Прима, каде магистрант е актерката Јелена Мијатовиќ, мојата сестра, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата . Се надевам дека оваа песна ќе ја разубави пролетта и ќе ни даде еден француски шмек“, вели Мијата.

 

Scroll to Top