(Видео) Миле најде таен сеф, на инспектор Томе му фали секс, а Мич вади чипови од вакцините: Официјалниот трејлер на „Преспав“, почнува новата сезона

ОХО продукција го објави официјалното видео за шестата сезона на хит-серијата „Преспав“. Сплетки, интриги, љубовни проблеми, таен сеф, чипови во вакцините и по некој турист од 20 декември на МРТ1, кога ќе почнат да се прикажуваат новите епизоди. Во хит-серијата, повторно игра познатата екипа, а се појавува и по некој нов лик.

„Шампионите се тука! ‘Преспав’ победничка сезона шест почнува на 20 декември во 20:15 часот. ‘Фидерзен!“, стои во најавата.

Новата сезона на серијата ќе има дваесет епизоди, велат од ОХО продукција. Пред почетокот на снимањето тие соопштија дека пожарот, наместо да го пеплоса „Преспав“, ќе донесе многу хумор и изненадувања со актерите. Гледајте го видеото…

Scroll to Top