Во последната емисија од третиот круг на „Ѕвездите на Гранд” пееа пет Македонци. За тројца од нив ова беше среќна вечер, па така Гоце Бошковски, Марио Арангеловски и Мими Јовановска ќе можеме да ги гледаме во следниот круг.
Од сите нив особено се истакна Мими, која уште со изведбата на прва песна „Судбо моја” го освои жирито, кое постојано ја бодреше и аплаудираше во текот на изведбата. „Мими ти си лек” – и рече Вики Миљковиќ.