(Видео) Младиот пејач Тони Андреев преработи хит од Тоше

Младиот пејач Тони Андреев го преработи хитот на Тоше „Боже чувај ја од зло“. Тој ја продолжи традицијата од неколку преработки на песните на Тоше, а последната ја направи со бендот. Видеото го сними со продуцентот Алек Тасевски.

„И годинава се потрудив да ја одржам традицијата во чест на Тоше. Оваа традиција трае веќе неколку години и ова е мојата четврта преработка. Мило ми е што успеав да си го одржам ветувањето кое се надевам дека ќе трае секоја година. Тимот што победува не се менува. И овој пат на звукот работевме јас и мојот бенд. Тука е и Алек Тасевски, мојот продуцент, кој се потпиша на сите мои видеа“, ни рече Тони.

Scroll to Top