(Видео) Модерен фанк во новата песна на Meto di Flash

По позитивните критики за првата песна која носи наслов „Да не е млако” Meto di Flash, тој ја сними новата „Те чекам”. Песната е во модерен динамичен фанк стил.  Мето ги напиша музиката и текстот, а заради својата музика тој  соработува со повеќе музичари од различни држави.

Покрај Мето, кој е вокал, со него се и Марија Мечкароска и Владимир Нестороски, како и  Стефан Петаноски, Ѓоле Максимовски, кој свири на бас, а пее и Ана Петаноска. Спотот е во продукција на „Флеш продукција“ и е сниман во Охридскиот скејт парк , а претставува журка која  подоцна се префрла низ охридските улици каде што своите лудории и вештини ги претставува скејтерот Мартин Ристевски, ни раскажа Мето.

 

Meto Di Flash е актуелен низ целата држава со неговите лајв караоке настапи по познатите кафулиња и клубови. За новата песна вели „ Се надевам дека и оваа песна ќе наиде на добар прием кај публиката и јас нема  да застанам тука. Продолжувам да снимам нови видеа и нова песна.

Scroll to Top