(Видео) Музичко шоу на Гавазова со „Фортуна Бенд“

Фолк-пејачката Сузана Гавазова сними музичко шоу со „Фортуна Бенд“. Во шоуто со македонските фолк ѕвезди Спасен Сиљановски и Стојне Николова ги испеаа некои од традиционалните македонски песни „Свадба весела“, Катерино моме“, „Домаќине добри гости ти дојдоа“, „Севдалино малој моме“ и други.

„Фортуна Бенд“ во состав на Христијан Димитриевски – Кико, Новица Соколовски, Љупчо Соколовски, Ристе Плуковски, Виолета Пандовска и Кирил Златановски и се познати на јавноста по големиот број концерти како во Македонија така и надвор.

Досега имаат настапувано на голем број свирки и забави на кои чести гости се и познатите пејачи Наум Петрески, Ефто Пупиноски, Миле Кузмановски, Виолета Томовска, Благица Павловска, Блага Петреска, Зуица Лазова, Стојне Николова и други.

Scroll to Top