Чаирскиот романтичар Владо Јаневски ја промовира новата песна „Недостасуваш“. „Ноќва мојта крв те бара, нозете сами одат таму кај што си, проклета е љубов стара, кого немаш – не ти дава да го заборавиш“, се дел од стиховите на баладата што ја напиша Владо, па фановите коментираат дека пејачот е носалгичен по некоја негова поранешна љубов.
Јаневски е и автор на музиката и на текстот, а аранжманот е на хрватскиот продуцент Никша Братош. Песната е во издание на „Кроација рекордс“, чиј ексклузивец е Владо. Тој за хрватскиот пазар најавува нов албум, но откри и дека ќе учествува на неколку фестивали.