Поп-пејачката Тамара Тодевска наполни 36 години. Роденденот го прослави на ручек со најблиските другарки, а со неа беше и ќерката Хана. Тамара не криеше дека се забавува, па на Инстаграм објави видео како дуваат свеќите на роденденската торта украсена со јагоди и шлаг.
„Ве сакам сите“, напиша Тамара.
Пејачката објави и многу слики од пријателите кои ѝ го честитаа роденденот. Од Катарина Ивановска, Дејан Манасков, Миа Костова, Весна Бејби, Роберт Билбилов….сите објавија заеднички фотки со пејачката. Но, Тамара вели, најубавата честитка ја добила од Хана, која ѝ пееше „Среќен роденден мама“.
View this post on Instagram