(Видео) Најдете време за љубов – Дац и Александар продолжуваат да ја освојуваат публиката

Боемското дуо за добро расположение Дац и Александар имаат нова песна која носи наслов „Љуби ме“. Песната на големо се врти по радиостаниците. Во приказната на спотот, кој е во продукција на Pikado Creative Collective, учествуваат голем број нивни пријатели од градот, меѓу кои и Данило Коцевски (хроничарот на Скопје), членовите на „Октет Македонија“, дувачкиот состав „Брастет Скопје“, шахистите Кутирови, Тања Алексиќ , Војо Иванов и други.

„Подзастанете за миг во бркотницата на животот и најдете време за љубов“, велат Дац и Александар во новата песна.

Scroll to Top