(Видео) Најтешките моменти од својот живот ги преточи во песна -„Херој“ e новата песна на Тамара Волческа

Вчеравечер, познатата пејачка Тамара Волческа го промовираше своето ново музичко парче, односно сингл кој го носи насловот „Херој“, а за кој сними и видео запис.

Истиот е снимен на неколку локации, а направен е под режисерската палка на Ивона Јо, која е нејзина најголема поддршка.

Во видео записот ја гледаме Тамара во едно ново руво, односно различна од се она што досега сме навикнале од неа.

„Херој“ е брза и енергична песна која ја враќа надежта во едноставните дела кои внесуваат задоволство и оптимизам во животот. Херојот е Тамара која се обидува да се спаси сама себе во периоди кога била мала и незаштитена.

Пораката на овој проект е сите ние да бидеме свои херои и сами да го пронајдеме патот до нашиот успех, како што токму тоа го прави Тамара на крајот од видеото, каде што си дава аплауз сама на себе.

Текстот е напишан буквално во еден здив, а зад истиот се потпишува Тамара, која полека но сигурно станува сериозно име меѓу текстописците на македонската музичка сцена.

Музиката е на Дамир Пух и Наташа Миха кои се главните “виновници“ за „Херој“ и кои ја донесоа оваа песна до нејзината финална верзија во „GreenRoom Sound Studio“.

Голема благодарност и до Ива Спасовска, како и Афтентика кои се погрижија за стајлингот.

Овој музички проект на Тамара докажува дека со многу труд и напорна работа, може да се биде успешен во реализирање на целите.

Уживајте во „Херој“.

Scroll to Top