Македонските фудбалери Илија Несторовски, Влатко Стојановски и Давид Тошевски пред Нова година уживаат во Дубаи. Пустинско сафари, пливање со делфини, наргиле на плажа, журки во популарните ноќни клубови, ама и вечера во ресторанот на еден од најпознатите светски готвачи Салт Бае.
Фудбалерите не кријат дека се забавуваат. Иле е со сопругата и децата, а Давид и Влатко со девојките. Слики и видеа од одморот тие споделија и на социјалните мрежи, па фановите велат дека им завидуваат што се на плажа среде декември.
За потсетување, Илија игра за Удинезе во Италија, Влатко е фудбалер на Горица во Хрватска, а Давид има договор со Ростов од Русија, но во моментот е на заем во Горник Забрзе во Полска.
View this post on Instagram
View this post on Instagram