(Видео) Настапот на Каролина од МАС-наградите објавен на „Јутјуб“

Поп-пејачката Каролина Гочева објави кратка најава дека на Јутјуб е објавено видео од нејзиниот настап на овогодинешните МАС музичките награди кои се одржаа во „Шатарк Арената“ во Белград.

Каролина на доделувањето на наградите премиерно ја изведе песната „Од небо до дно“, но на српски јазик како „Ти си мој“. Музиката на песната е на Каролина.

За време на настапот на МАС нагардите, пејачката беше качена на висока платформа, додека долу на сцената ја придруживаа танчери, а во позадина настапот го надополнија светслосни ефекти.

Каролина на музичките нагарди се појави во два елегантни фустани на модната дизјанерка Јована Филиповиќ и стилистката Јована Зука.

 

Scroll to Top