(Видео) Навивач среде натпревар влета на теренот во Скопје за да направи селфи со Елиф Елмас

За време на натпреварот Македонија – Гибралтар што се играше вчера навивач влета на теренот за да направи селфи со Елиф Елмас. Тој помина покрај обезбедувањето, претрча речиси пола терен и стигна до Елмас. Додека се обидуваше  да се фотографира, обезбедувањето го фати и го исфрли од теренот.

За потсетување, македонската фудбалска репрезентација го победи Гибралтар 4-0 во Скопје. Ова беше натпревар од четвртото коло од Лигата на нации во јунскиот термин. Во првото коло Македонија играше нерешено со Бугарија, па победи во Гибралтар, а во третото коло дома загуби од Грузија. Следните натпревари од квалификациите ќе се играат во септември.

Scroll to Top