(Видео) Не сакаме да бидеме искористени од политичарите, ново од Brass Brothers

Еден од најпопуларните бендови во нашата земја,  Brass Brothers, од Битола  конечно имаат своја авторска песна. Песната носи наслов „Време невреме“ и од бендот велат дека сигурни се дека ќе ѝ се допадне на публиката.

Автори на текстот на  „Време невреме“ се Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот на Димитар Андоновски. Видеото е на  Concept Production од Битола.

„ На ваше барање, а на наше огромно задоволство ви ја преставуваме нашата прва авторска песна. Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во ‘Време невреме’ не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите. Главната порака е со љубов да победиме“, велат момците од Brass Brothers.

Scroll to Top