(Видео) Ненормален и од љубов разболен: Владо Јаневски ја промовираше новата песна

Владо Јаневски ја промовираше новата песна „Ненормален“. Премиерно беше пуштена на „Бубамара радио“, а сега ја има и на „Јутјуб“.  Станува збор за регионална премиера со која Владо Јаневски го најавува новиот албум, кој ќе се појави следниот месец во издание на „Кроација рекордс“.

Песната е љубовна балада, снимана во Скопје и во Загреб, во аранжман на Никша Братош и Валентино Скендеровски. И целокупниот материјал на новиот албум е работен на релација Скопје-Загреб и го носи препознатливиот романтичен дух на музиката на Владо Јаневски, но со нов, модерен призвук.

Scroll to Top