(Видео) Никола Зацевски со нов празничен хит

Младиот пејач Никола Зацески ја објави својата нова песна „За вас“. Музиката и аранжманот се на Николче Мицески, а текстот е на Никола и Весна Малинова. Спотот го сними режисерот Никола Митревски.

Никола ни рече дека ова е песна во која секој ќе се пронајде. Инспирација му била вели љубовта кон семејството.

„Ова е најдрагоценото нешто кое што го направивме со мојот тим. Секоја буква и нота има длабоко значење за мене и е преполно со емоции од љубов, среќа, тага и солзи. Сето тоа е испреплетено во една песна.  Живеењето неколку години надвор од Македонија разбудија кај мене уште поголеми емоции кон мојата татковина и родителите, па од таму моите први песни се инспирирани од нив“, ни рече Никола.

За потсетување, тој претходно твореше во Австралија каде и ја почна неговата музичка кариера. Досега ги има испеано песните „Мојот пат“ и „Срцето мое тука чука“, а ја преработи и „Лихнида“ од Ефто Пупиновски.

Scroll to Top