Македонски композитор Николче Мицевски ја промовира песната „Круг“, со која го најави својот албум Nеw Еrа, кој треба да излезе до крајот на годината. Познатиот музичар е автор на музиката и аранжманот и го свири пијаното во песната.
Мицевски сними и видео за оваа песна, а режисер на видеото е Даниел Јовески.
За потсетување, Мицевски на публиката ѝ е познат како композитор на многубројни хитови, а тој е и автор на последните два албума на Каролина Гочева, „Македонско девојче 2“ и „Извор“.