Пејачот Тони Андреев и Андријана Ани Петрушовска направија преработка на новиот хит „Вуду“ на Теодора Џехверовиќ и Девито. На музиката работеше Тони, а видеото го сними Алек Тасевски.
„Песната е апсолутен хит во регионот, за 20 дена успеа да достигне гледаност од 25 милиони. Не планиравме да правиме кавер-верзија на песна од Теодора, но уште при првото снимање сфативме дека одлично ни лежи со Ани, па веднаш ја снимивме. Првите реакции се одлични, добиваме позитивни коментари, па верувам дека како и претходните проекти, така и овој ќе помине одлично“, ни кажа Тони.
Пејачот вели дека слободното време го искористи за да направи повеќе музички проекти, па многу бргу ќе излезе со уште неколку новитети.