(Видео) Од дете навивам за „Црвена звезда“ и имав желба да играм за неа, рече Пандев по посетата на клубскиот музеј

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше во посета на просториите на клубот „Црвена звезда“ и го посети и нивниот музеј. Рече дека од мал навивал за овој клуб и дека желба му била да заигра во црвено-белиот дрес.

„Уште од дете ја сакав ‘Црвена звезда’ и навивав за неа. Ова е голем клуб и во него играа многу легенди. Има неверојатна историја и среќен сум што сум тука. Ќе го ставам овој дрес во мојата колекција“, рече Пандев и додаде дека посебен впечаток му оставил музејот.

„Прекрасен е. Видов сè што имаат освоено. Тоа ќе остане запишано во книгите. Знам колку навивачите го сакаат клубот и се надевам дека еден ден ќе ја освојат Лигата на шампионите“, рече Пандев и додаде дека е среќен што и некои од македонските фудбалери, како Дарко Панчев и Илија Најдоски, играле за овој клуб.

Scroll to Top