(Видео) Од лакованата чанта Фатиме не можеше да се израдува на победата во Палермо

Jавна обвинителка Фатиме Фетаи вчера беше во Палермо каде што од трибините на стадионот „Ренцо Бербера“ го гледаше натпреварот Македонија-Италија. Друштво ѝ правеше министерот за правда Никола Тупанчевски и претседателот на судот во Кавадарци, Лазар Нанев.

Фетаи, која е страсен навивач на Милан, беше видно возбудена од постигнаиот гол во 92. минута. Секако дека внимание привлече и со стилот – црна лакована чанта која ја преметнуваше од рака во рака додека аплаудираше за македонската реперезентација. За на трибините во Палермо обвинителката избра беж мантил и секако црвен кармин и црвени нокти, кои ѝ се заштитен знак.

Scroll to Top