(Видео) Огнен Здравковски растури со „Зајди зајди“ во емисијата на Горан Чомор

Младиот пејач Огнен Здравковски пред неколку дена гостуваше во една од најпопуларните музички емисии на водителот Горан Чомор – „Пред Фајронт“.

Покрај Огнен, гости емисијата беа и популарните пејачи: Вања Мијатовиќ, Викторија Бурсаќ и Фатмир Сулејмани.

Огнен на барање на водителот ја запеа една од најпознатите македонски песни „Зајди, зајди“ и со неговата  изведба не ги остави рамнодушни гостите, водителот и сите зад камерите…

 

Здравковски за неколку дена ќе го промовира и видеоспотот за неговата најнова песна со која настапи на Макфес, „Порок“. Спотот го сними со професионална екипа во Белград, а покрај Огнен, во него се појавува и позната српска манекенка.

Scroll to Top