Смртта на Џонбенет Патрисија Ремзи, до ден денес остана мистерија. Била убиена во 1996 година, кога имала само шест години. Татко ѝ ја пронашол во подрумот од нивната куќа. Малата мисица, како што ја нарекуваа и најубавото девојче на светот завршило трагично, иако убиството официјално е нерешно.
Во јавноста се појавија голем број теории за тоа што навистина се случило тој кобен ден. Беа снимени и голем број документарни филмови и телевизиски специјали, а се напишани и книги.
Целата приказна започнала едно утро во 1996 година. Татко ѝ Џон Ремзи го пронашол нејзиното тело осум часа откако мајка ѝ Петси рече дека ја пронашла пораката во која се барал откуп во висина од 118.000 долари. Двајцата прво верувале дека е киднапирана, па повикале полиција.
Ги повикале иако во пораката пишувало дека ќерка им ќе умре ако го направат тоа. Полицијата брзо стигнала во нивната куќа и започнала истрага. Тие не го обезбедиле местото на настанот според прописите. Како минувале часовите, полицијата излегла, оставајќи само еден детектив.
Тој му препорачал на Џон да ја пребера куќата во потрага по траги. На крајот ја нашол во подрумот.
„Одма знаев што најдов кога ја видов. Ја најдов мојата ќерка. Лежеше во бело ќебе. Беше покриена со прекривка. Рацете и беа врзани над главата. Имале лента преку устата. Клекнав и ја допрев за образот. И ја тргнав лентата од устата. Се обидов да го одврзам јажете кое беше околу нејзините раце. Не можев да го одврзам чворот“, рчее Џон во интервуто за Барбара Волтерс на ABC News во 2000 година.
Патрисија ја погребале во Маријети, Џорџија, кој е роден град на семејството Ремзи. Погребана е покрај нејзината полусестра која настрадала во сообраќајка несреќа во 1992 година. Нејзините родители ги молеле уредниците на „Си-ен-ен“ за помош во наоѓањето на убиецот на нивната ќерка.
Петси рече дека убиецот е на слобода. Тоа бил нејзиниот прв јавен комнетар за случајот, пренесе „Денвер Пост“.
Доказите укажувале на тоа дека натрапник провалил во куќата и го убил девојчето. За време на обдукцијата утврдено е дека Патрисија починала од гушење и фрактура на черепот. Нејзината уста била залепена со салотејп, а околу рачните зглобови и вратот бил замотан бел кабел. Нејзиното тозно било прекриено со бело ќебе. Утврдено е дека девојчето било силувано, но не се пронајдени докази за сторителот.
Јамката околу вратот била направена од кабел кој стоел во подрумот и делови од четка за фарбање. Во нејзиниот желудник биле најдени остатоци од ананас. Родителите тврделе дека девојчето немало јадено ноќта кога исчезнала. Сепак, во ходникот имало чаша со овошје во кое имало и ананас.
На неа имало отпечатоци од прсти од нејзиниот брат Бурк, кој тогаш имал девет години. Ремзи тврдат дека Бурк целата ноќ спиел во неговата соба. Наводно момчето се разбудило дури кога полицијата дошла кај нив дома.
Иако минаа речиси три децении од злосторот, сторителот никогаш не е откриен. Со децении истрагата се водела во две насоки. Едната е дека во убиството учестувале и членови од семејството, а другата дека го сторил некој манијак.
Во првиот бран, полицијата жестоко го притиснала семејството. Се сомневале дека некои од нив се вмешани во убиството, затоа што пораката во која било било барањето за откуп, делувала исценирано. Била необично долга и напишана на хартија од блок кој е пронајден во куќата. Била напишана со пенкало кое исто така е најдено во куќата. Наводно пораката била напишана неколку пати, од повеќе обиди, што се забележува на вдлабнатините на блокот. Исто така бараниот износ за откуп, бил иднетичен од висината на годинешниот бонус кој Џон Ремзи го добил од своите работодавци пред убиството.
Додатен сомнеж предизвикал и фактот дека семејството не сакало да соработува со полицијата, обвинувајќи ги дека не ја спроведуваат истрагата како што треба и дека тоа што удираат по семејството им е најлесно. Три члена од семејството биле испрашувани и сите морале да ги предадат примероците од својот ракопис за да ги споредат со ракописот од писмото за откуп. И Џон и Бурк, сите се ослободени од сомнеж дека го напишале писмото.
Примерокот од Петси бил сомнителен, но никогаш не бил земен во предвид како доказ. Во јавноста се шпекулирало дека Петси го задавила девојчето затоа што била гневна што се помочала во кревет.
Истовремено, теоријата за некаков манијак станала сè популарна. За убиството на Џонбенет се пишувани и книги, каде авторите шпекулирале дека преголемата експонирање на девојчето во медиумите и освоената титула на изборот за МИС, ги испровоцирале некои од педофилите да дојдат во нејзината куќа, да го силуваат и убијат.
Исто така теоријата за минајак била поткрепена со голем број докази. Покрај телото на Џонбенет е најдено отпечаток на чизма, кој не се поклопувал со стапалото на ниту еден од членовите на семјеството. Во подрум било скршено стакло и се верува дека манијакот така влегол во куќата.
Трето, на гаќичките на девојчето биле најдени капки крв. ДНК анализата покажала дека припаѓаат на непознат маж. Исто така во куќата во сите простории имало теписи, што му овозможило на убиецот го однесе телото на девојчето во подрум, без притоа разбуди некого.
Еден од најпознатите осомничени бил Џон Кар, кој бил уапсен во 2006 година откако признал дека го убил девојчето. Изјавил дека тоа го сторил случајно откако ја дрогирал и силувал. Јавноста верувала дека конечно е пронајден вниновникот. Но, обвинението било отфрлено за време на обдукцијата.
Во телото на девојчето не биле најдени никакви опијати, а ДНК-та од долната облека не се поклопувала со онаа на Кар. Полицијата никогаш не успеала да докаже дека во ноќта на убиството тој не бил во близина на Болдер, местото каде се случило убиството.