(Видео) Овации за Симон Трпчески во Лондон, публиката на нозе по концертот на македонскиот пијанист

Виртуозот на пијано, Симон Трпчески, одржа концерт во Ројал фестивал хол во Лондон. Публиката воодушевена, го испрати со овации и стана на нозе за да го поздрави неговиот настап. Симон, овој пат настапи со Кралскиот филхармониски оркестар, а диригент на концертот беше Василиј Петренко.

Ова е прв концерт на Симон со Кралскиот филхармониски оркестар, и почеток на нивната заедничка турнеја.

Трпчески периодов постојано има настапи низ Европа, но одржа и три бесплатни концерти во Македонија за да го промовира неговиот албум „Македонисимо“. Пред концертите во Скопје, Штип и Битола, Симон летото свиреше на отворено во селото Збажди. Тогаш за „Репортер“ кажа дека му се исполнил детскиот сон, но и аманетот од татко му, еден ден на одржи концерт во родното село на татко му.

Scroll to Top