(Видео) Пандев на маса, Џамбо на труба го растура „Калашњников“: Фудбалерите одлепија по историскиот пласман на ЕП

Македонските фудбалери со труби и тапани го прославија историскиот пласман на Европското првенство. Во хотелот „Плаза“, каде што се сместени, забавата трае цел ден. И додека Џамбо Агушев со неговиот оркестар го растура „Калашњиков“, Пандев се качи на маса и игра. Стефан Ристовски свиреше на тапан,, а Мартин и Стефан од „Некст тајм“ на фудбалерите им ја пееја „Ја излези Ѓурѓо“. Одлично расположен беше и селекторот Игор Ангеловски, пееше и се забавуваше заедно со своите фудбалери.

„Голема чест и задоволство ми е што го добив победничкиот дрес од легендата Пандев. Благодарам царе!“, се пофали по журката Џамбо на „Инстаграм“.

Scroll to Top