(Видео) Павле Камилоски ја заведе поранешната манекенка Симона Петреска

Пејачот Павле Камилоски има нова песна, Mia Bella, за која сними и спот. Музиката и аранжманот ги напиша Александар Тарабунов, а текстот е на Ксенија Николова. Во видеото, снимено на неколку локации во Скопје, Павле ја заведува некогашната манекенка Симона Петреска. Режисер на спотот е Александар Ристовски – Принц.

„Сакаме да создадеме спотови кои се емотивни, романтични и имаат боемски шарм. Тоикму затоа ја избравме и Симона да биде во видеото“, вели Камилоски.

Ова е четврта песна на македонскиот музичар. Неговата претходна песна, „Универзумот си работи за нас“ имаше одлични реакции кај публиката и беше хит на радијата, а Павле ја работеше со истиот тим кој ја направи Mia Bella.

Scroll to Top