(Видео) Пејачи, водители и глумци во новиот спот на хармоникашот Мишел Трајковски

Хармоникашот Мишел Трајковски за Новата година и божиќните празници го промовираше спотот за песната „Сиеста“. Спотот го снимија режисерите Дарко Јовановски и Марјан Гавриловски, а сценариото е на Гоце Трајковски. Во него се појавуваат голем број пејачи, водители и глумци.

Главните ликови се Игор Џамбазов, Драган Спасов – Дац, Васко Тодоров и Марија Лазарова, а се појавуваат и Наум Петрески и Велибир Џаровски – Џаро. Во спотот Иван Кукиќ свири на бас гитара, Антонио Тимчевски на клавијатури, а Ратко Даутовски на ударни инструменти.

Scroll to Top