(Видео) Пејачите со спот против короната: Носете маски за пак да бидеме заедно

By

Влатко Стефановски, Пере од „Нокаут“, Каролина, Тамара и Ружица од „Ареа“ снимија спот како дел од кампањата за заштита од Ковид-19, со кој апелираат да се носи маска.

dobivaj vesti na viber

Во кампањата #Носам маска им порачаа на сите да носат маски, за да можат повторно да бидат заедно, да снимаат концерти и да бидат слободни.

Зад спотот стои Минстерството за здравство, а прв го сподели министерот Венко Филипче, кој  повика на совесност кај граѓаните и почитување на мерките кои ги препорачаа надлежните, за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот.

Ќе ви се допадне