Македонскиот пејач Гоце Бошкоски – Чоки влезе во третиот круг во „Ѕвездите на Гранд“. Со песни од Масимо Савиќ и Хари Мата Хари, Бошкоски успеа да го освои жирито заедно со неговата менторка, пејачката Вики Миљковиќ.
Карлеуша го пофали дека изгледа одлично и дека одлично се покажал на сцената.
„Си ослабел, а и добро ти стојат очилата. Секој пејач покрај доброто пеење, мора и добро да изгледа“, кажа Карлеуша .
Гоце досега има настапувано на повеќе познати фестивали меѓу кои Канео фест (2003), Макфест (2003), Еврофест (2007), Охридски трубадури – Охрид фест (2008, 2018 и 2019), но и на интернационалниот Еуро Поп фестивал во Зеница, Босна и Херцеговина (2008) каде што ја освои наградата за најдобра интерпретација.
Лани, тој беше дел од „Ѕвездите на Гранд“, а ментор му беше Ѓорѓе Давид со кого стаса до петтиот круг.