(Видео) По две години пауза, Туна се враќа со секси спот  

Туна Сејдиу по две години пауза го промовираше видеото за темата Chonga. Со оваа песна и видеоспот таа најавува дека се враќа на музичката сцена. Песната е снимена на албански јазик, а видеото веќе има речиси милион и седумстотини прегледи на „Јутјуб“. Пејачката, која е ќерка на Шабан Сејдиу, поранешен олимписки борач, откако се омажи за Патрис Бариша и го роди синот Тиан, живее на релација Скопје – Косово. Македонската јавност ја запозна Туна по учеството во музичкото шоу „М2” а нејзина прва песна беше „Најди ден, најди ноќ, најди време”.

Зад себе има седум албуми, а наскоро ќе го промовира и осмиот на кој работи изминатиов период.

Scroll to Top