(Видео) Победникот на „Пинкови ѕвезди“ ќе го освојува „Гранд“

Некогашниот победник на „Пинкови ѕвезди“, Мите Стоилов, настапи во најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“. Тој во првиот круг ги испеа песните „Брод у боци“ од Оливер Драгојевиќ и „Ти и ја“ од Жељко Васиќ. Уште во текот на првата песна, 24-годишниот Мите доби пет гласа од жирито, а на крајот ја избра Вики Миљковиќ за свој ментор.

„Јас секојпат се шокирам кога некој ќе ја одбере Вики за ментор. Тоа што си тука е доказ дека ова е многу сериозно натпреварување. Оној што ќе го помине ова училиште, тој навистина останува… ‘Пинкови ѕвезди’ се добар маркетинг, но во ‘Ѕвездите на Гранд’ се прават ѕвезди“ му рече Карлеуша.

„Ти само шокирај се, добро кога ти ќе се шокираш,“ ѝ одговори Вики на Јелена.

Настапот на Мите погледнете го на 32:33.

Scroll to Top